Политичкото влијание е најголемиот ризик за корупција, а тоа го заклучивме и кога ја правевме националната стратегија и вршевме анализа на ризиците од корупција политичкото влијание беше најголемиот ризик, вели за „Фокус“ претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска на прашањето зошто и покрај толку поднесени пријави пред се до обвинителството тие не добиваат соодветна завршница.

-Втор најголем ризик е неказнивоста или несоодветната казнивост, бидејќи имаме соодветно дизајнирани закони, но кои не се спроведуваат како што треба, појаснува таа.

На прашање дали ова е типично за случајот на предметите на Сашо Мијалков и Орце Камчев, таа додава дека слабоста на системот е да се најдат пократки патишта за заобиколување на она што вистински треба да се искорени и е рак рана на ова општество.

Излезот според неа треба да се бара во јакнење на интегритетот на службените работници, институциите и подобрување на меѓуинституционланата соработка.

-Законот за потекло на имот е значаен бидејќи ДКСК има превентивна улога во тој процес и токму тој дел е многу важен, секој граќанин да им обврска да си каже од кај му е имотот заради тоа што работејќи по прдмети, функционерите имаат имот но тој се крие под имиња на роднини, пријатели итн и по завршување на функцијата тие немаат обврска да поднесат нов анкетен лист, а со овој закон секој граѓанин ќе има обврска и нема да подлегне на притисок на политичарите и да им вршат услуга за да пријават имот во нивно име. Механизмот е само еден добар софтвер, и добар систем на информација, вели Ивановска.

Според неа само 30 проценти од препораки на Државната комисија за спречување на корупција се спроведени во текот на претходната година, а извештајот за спроведување на националната стратегија која опфаќа 12 сектори, две области, јавни набавки и вработувања покажал дека само 20 посто од активностите се спроведени а тоа според Ивановска е многу малку и незадоволува.

Ивановска имаше излагање на темата за борба против Економскиот криминал, кој ја опфаќа и корупцијата во рамки на завршната конференција на Хоризонталната програма на Советот на ЕУ за Западен Балкан и Турција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.