Согласно Законот ние треба да водиме регистар на избрани и именувани лица. Овој регистар на избрани и именувани лица треба да го полниме со податоци кои што ќе ги добиеме од институции кои вршат избор и именувања. Најголеми институции такви се Владата, Собранието, локални единици и итн. Би ги спомнала првите две, затоа што Владата воопшто не доставува истакна Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК во гостување во емисија на Алфа телевизија.

Ивановска додаде дека ова прашање околу недоставувањето од страна на Влада е покренато но се уште нема никаков резултат.

Владата воопшто не доставува. Зошто? Не знам можеби има свои причини. Не знам. Значи неколку пати е покренато прашањето пред сите генерални секретари кои што сме ги затекнале, пред вицепремиерката сега што е, која што презема некакви чекори таму за да се подобри состојбата, пред премиерот поранешен и сегашен. Значи нашата цел е да се надмине овој проблем – рече Ивановска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.