Министерот за надворешни работи на Италија, Луиџи ди Маио, вели дека време е Македонија да ги отпочне пристапните преговори за влез во Европската Унија, како и дека Италија го поддржува европскиот предлог кој и е понуден на земјава.

„Дојде време да се отворат преговорите за пристапување во ЕУ со Македонија. Италија стои зад европскиот предлог кој овозможува почеток на процесот сега“, напиша тој на Твитер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.