Ако утре се одржат предвремени парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе однесе убедлива победа, прогнозира ИРИ во својата последна анкета објавена утрово.
Според неа, ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 20% од граѓаните а СДСМ кај 17%.
ДУИ има доверба од 7%,Алијанса, Левица 4% колку што има и БЕСА.
Истражувањето беше спроведено во име на Центарот за анкетни истражувања на ИРИ од Брима фирма за истражување на пазарот (дел од групацијата КАНТАР и македонски член на здружението Галуп Интернешнл Асоцијација). Податоците беа собрани од 27 ноември до 23 декември 2021, со повеќе степен стратификуван примерок преку интервјуа лице-во-лице во домовите на испитаниците.
Национално репрезентативната големина на примерокот на анкетирани е 1,226 испитаници на возраст од 18 години и повеќе. Податоците беа пондерирани според возраста, полот, регионот и етничката припадност. Маргината на грешка е ± 2.8 поени на ниво на доверба од 95%.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.