Викендов, Интернационалната полициска асоцијација, регион Охрид, реализираше хуманитарна акција наменета за социјално загрозени семејства од Охрид.

Хуманитарната акција како дел од програмските цели и определби на Интернационалната полициска асоцијација, беше иницијатива од Секцијата на жени при ИПА Охрид, а реализирана во соработка со Весна Миленкоска од хуманата иницијатива „Зготви и подари“ од Охрид.

Тие заедно, за повеќе социјално загрозени семејства кои се соочуваат со недостаок на храна, со многу љубов приготвија топли оброци, а потоа, со голема почит им ги предадоа на членовите на семејствата, во нивните домови во Охрид.

Целта на заедничката акција  е, поттикнување на солидарноста како и подигнување на јавната и општествената свест за донирање на храна на оние семејства на кои им е најпотребна а кои, немаат доволно средства да обезбедат редовни дневни оброци. Храната е основно човеково право и затоа, сите заедно треба да создаваме можности за редовно донирање на храна за одредени наши сограѓани и барем малку да придонесеме да имаат подобар живот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.