Министерот за надворешни работи открива дека иницијативата – Венецијанската комисија да се произнесе за донесените измени во Закон за здруженија е негова, бидејќи, како што вели, не смееме да го нарушиме имиџот на земја која се гордее со почитување на човековите права. Бугарија почнува сериозна кампања во европските институции во врска со новиот Закон , па затоа, како што вели, ни требаат сите мислења за неговата оправданост.
На денешниот брифинг во МНР, Османи се осврна на дводневната посета на Софија.
Вели дека бил во мисија на превентивна дипломатија, бидејќи смета дека во последно време е нарушена атмосферата и комуникацијата со Софија.
Информираше за остварените средби во Софија, со премиерот Галаб Донев, со бугарскиот министер за надворешни работи Милков и средбите со речиси сите лидери на парламетарните политички партии во Република Бугарија.На средбите со речиси сите политички чинители шефот на македонската дипломатија добил позитивен впечаток за иднината на нашите односи, а биле договорени и конкретни заклучоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.