Илире Даути поднесе оставка на функцијата координатор на пратеничката група на Алијанса за Албанците. Во нејзината оставка се вели дека на таков чекор се решила поради катастрофалните резултати на партијата на изборите за советници во Општина Тетово. Наведената причина е истата што ја наведе и Зијадин Села кога, ден по изборите во Тетово, поднесе оставка од лидерската функција.
Многу слабиот резултат на изборите за Советот на Тетово и лично ме погоди, а како пратеник од шестата изборна единица совеста не може да го надмине тоа чувство и не можам да бидам рамнодушна. Затоа, информирам дека поднесов оставка од функцијата координатор на пратеничката група на Алијансата за Албанците, од единствената ‘титула’ што ја имам во моментов во политичкиот субјект. На сите вас, кои континуирано верувавте во мене, сакам од сѐ срце да ви кажам благодарам. Ако можете, верувајте и натаму во мене, зашто јас силно верувам во вас“, преку Фејсбук Даути им се обрати на пријателите, поддржувачите и сопартијците.
Индекс.мк, портал на албански јазик, пак, наведува дека не е само тоа причината за нејзината оставка, туку намерата да се кандидира за лидерската функција во Алијанса за Албанците.
Наводно, добро упатени извори велат, меѓу другото, дека таа за кандидатура има поддршка и од поранешниот претседател, Зијадин Села, со цел да биде противкандидатка на актуелниот потпретседател Арбен Таравари и да го победи. Во некои медиумите на албански јазик уште се тврди дека по прашањето дали Таравари да биде избран за претседател има многу несогласувања внатре во партијата кои се пренесени и низ разграноците, каде што попознати партиски челници ја напуштаат партијата.
Во дел од разграноците се обвинува старото раководство, во случајов сега Таравари, дека локалните сопартијци се игнорирани и дека Алијанса за Албанците е слабо присутна на терен, што се оценува и како причина за поразот во Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.