Поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија и пратеничка на ГЕРБ, Екатерина Захариева преку „Фејсбук“ реагира на резултатите од пописот, потенцирајќи дека резаговарала со организациите на Бугарите во Македонија и тие и посочиле оти сметаат дека податоците се фалсификувани.
Податоците според кои во Македонија има само 3.504 Бугари се фалсификувани и здруженијата на Бугарите во земјава наскоро ќе излезат со официјален став. Најчудно е што не се бројат Бугарите кои се надвор од државата, за разлика од другите етнички групи. Не треба да заборавиме дека во последните 15 години 86.566 граѓани добиле бугарско државјанство, изјавувајќи пред нашите власти дека се идентификуваат како Бугари. За жал, уште еднаш сме сведоци на старата државна политика – дискриминација на Македонците со бугарска самосвест и обид за нивно маргинализирање, вели Захариева.
Таа понатаму вели дека ваквото мешање во правото на самоопределување е апсолутно неприфатливо и е во спротивност со вредностите на Европската Унија и дека крајно време е „да сфатат дека Бугарите во Македонија не се закана, туку мост меѓу нашите две земји“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.