Предлогот за уставните измени е доставен до Владата. Се очекува да биде разгледан на некоја од наредните седници, а до крајот на месецот да биде доставен до Собранието, тврди Ковачевски. Но, иако власта тврди дека се обезбедени уставни измени, тие никаков се пратат во Законодавниот дом
-Предлогот за уставните измени е доставен до Владата и откако таа ќе го разгледа на некоја од наредните седници, меѓутоа не подоцна од крајот на овој месец, ќе го достави до Собранието. Уставните измени се глас за ЕУ и за продолжување за европскиот пат, изјави Ковачевски на прес-конференцијата одржана во Вилнус каде се одржуваше Самитот на НАТО.
Посочи дека уставните измени не се под никаков диктат, туку дека се дел од обврските наведени во Преговарачката рамка што во јули минатата година била усвоена во Собранието без ниту еден глас „против“.
Тој е убеден дека сега самите можеме да си ставиме вето.
– За првпат имаме ситуација во која ветото не доаѓа однадвор, туку одвнатре. Секој има право да се изолира себеси, па дури и да изолира дел од својата политичка партија, но нема право да ја изолира државата. Нивната реторика којашто беше гласна цела една година, на денот на лидерската средба веќе престана да постои. Сите услови на лидерот на опозицијата беа прифатени. Потоа веројатно под некаков притисок, внатрешен или не знам каков, ретерираше во своите ставови, рече Ковачевски.
Но, со ставовите на Ковачевски не се сложува опозицијата.
Професорката Иванка Василевска з „Република“ твррди со неиспраќањето на уставните амадмани власта купува време.
Можеби се обидуваат и да најдат некаков канал и да извршат притисок. Со овие луѓе се можно и затоа сме будни. Нашиот став е јасен, претседателот Мицкоски кажа дека повеќе нема што да се дискутира и единствено што останува е одржување на изборите и на изборите да излеземе пред граѓаните со програми и да им понудиме опции за Македонија.Како ќе одлучат македонските граѓани така ќе тераме понатаму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.