Арбр Адеми, потпретседател на ДУИ која e дел од коалицијата „Европски фронт“ на денешната прес-конференција ги повика граѓаните на 8 мај да гласаат според нивната индивидуална волја.
– Што се однесува до претседателските избори, граѓаните треба да одлучат како ќе се однесуваат во вториот круг од претседателските избори. Тие се слободни да гласаат врз основа на нивната слободна волја. Тие ќе треба да одлучат како да се однесуваат. Во среда ве покануваме да бидете дел од народниот референдум, повеќе од кога било да ја поддржите платформата на „Европскиот фронт“. Никој не може да го прекине европскиот пат на нашата држава. Во среда масовно да излеземе и да гласаме, рече Адеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.