И британската амбасада се приклучи во иницијативата на американската амбасада за борба против корупција во Македонија. Британскиот амбасадор Метју Лосон упати остра порака на неговиот твитер профил, по повод денот на борбата против корупцијата.
Неодамнешните загрижувачки извештаи укажуваат дека состојбата со корупцијата во Македонија се влошува наместо да се подобрува. Корупцијата го поткопува владеењето на правото, создава недоверба во судството и ги ослабнува јавните институции. Британија стои до Македонија. Апсолутно клучно е да се справите со ова, порача амбасадорот Лосон.
Претходно, американската амбасадорка Ангела Агелер најави дека во Скопје е дојдена екипа од Вашингтон која е задолжена да идентификува кои поранешни но и актуелни функционери треба да бидат ставени на црна листа поради нивната корумпираност. Таа имаше остри зборови за изборот на новиот обвинител за организиран криминал Ислам Абази, кој се смета за близок до партијата ДУИ, но и за нивото на корупцијата во власта воопшто.
Recent troubling reports suggest that corruption in 🇲🇰 is getting worse, not better. Corruption undermines the rule of law, creates distrust in the judiciary and weakens public institutions. 🇬🇧 stands with 🇲🇰. Absolutely crucial to tackle this. #AntiCorruptionDay #IACD2022 pic.twitter.com/ouUXrKsYhG
— MatthewLawsonUK (@MatthewLawsonUK) December 9, 2022
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.