Претседателот Стево Пендаровски, утре – 5 април 2023 година, среда, ќе го прими претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, кој ќе престојува во официјална посета на Македонија.
Премиерот ќе биде придружуван од министерот за економија и одржлив развој Давор Филиповиќ и парламентарниот претставник на албанската, бошњачка, црногорското, македонското и словенечкото национално малцинство Емина Лекај Прљаскај.
За време на престојот во Скопје, премиерот Пленковиќ ќе се сретне со премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски, со претседателот на Република Македонија, со претседателот на Собранието, Талат Џафери, при што ќе се обрати пред претставниците на свечена седница.
Тој ќе се сретне и со претседателот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и со поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот Стефан и бискупот скопски д-р Киро Стојанов.
Официјалната посета на премиерот Пленковиќ ќе заврши со средба со претставници на хрватската заедница и хрватските компании во Македонија, пишува на сајтот на хрватската влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.