Министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска Горан Грлиќ-Радман, на покана на својот колега, шфот на дипломатијата Бујар Османи утре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

Како што соопшти МНР, двајцата министри ќе имаат тет-а-тет средба по што ќе следи пленарен состанок меѓу делегациите на Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска.

Предвидено е потпишување на Меморандум за разбирање меѓу Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Министерство за надворешни и европски работи на Република Хрватска во областа на дипломатска обука. По што Османи и Грлиќ Радман ќе одржат заедничка прес-конференција.

Покрај средбите во Министерството за надворешни работи, во вечерните часови во Филхармонија ќе се одржи свечен настан, со концерт на хрватска клапа и фолклорни ансамбли од Македонија, по што ќе се одржи и соодветен прием на кој заеднички ќе биде одбележана 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Хрватска.

Следниот ден од посетата, министерот Радман ќе учествува на вториот Преспа Форум за дијалог што ќе се одржи од 16 до 18 јуни во Охрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.