Од Обединетата македонска диајспора објавија превод на документот со кој, по барање на ОМД, Гувернерот на државата Охајо го прогласи 8 септември за ден на Македонската Независност во оваа американска сојузна држава.
Во продолжение го објавуваме документот во целост.
„СО ОГЛЕД НА ТОА ШТО, на 8 септември 1991 година, Македонија ја стекна својата независност од Југославија и стана суверена парламентарна демократија; и
СО ОГЛЕД НА ТОА ШТО,кога се одржа референдумот за македонската независност во 1991 година, учествуваа околу 76% од нејзините граѓани, а повеќе од 96% гласаа за; и
СО ОГЛЕД НА ТОА ШТО, Македонија е единствената југословенска наследничка држава која независноста ја стекна на мирен начин; и
СО ОГЛЕД НА ТОА ШТО, Македонија е млада држава, но стара цивилизација, со археолошки докази кои укажуваат на антички Македонци кои живееле во регионот помеѓу 7000 и 3500 п.н.е.; и
СО ОГЛЕД НА ТОА ШТО, денес, Охајо е дом на повеќе од 100.000 Американци со македонско потекло; и
СО ОГЛЕД НА ТОА ШТО, браќата Кираџиеф го поседуваa и управуваa со Ресторанот „Cincinnati’s Empress Chili “, кој беше затворен во 1979 година кога синот на Том, Џо се пензионираше и го продаде ресторанот, и
СО ОГЛЕД НА ТОА ШТО, Денот на Македонската Независност во Охајо ќе се прослави со свеченост во Македонската православна црква Свети Климент Охридски во Авон и со фестивал во Македонската православна катедрала Света Марија во Рејнолдсбург, и
СЕГА, ЗАТОА, ние, Мајк ДеВин и Џон Хастед, гувернер на државата Охајо, со го ова признаваме
ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА НЕЗАВИСНОСТ
на овој 8 септември 2022 година“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.