Фејсбук статус на Артан Груби:

Крајно вознемирен од киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

Изразувам искрено сочувство до семејството и роднините на жртвата.

Министерството за внатрешни работи и Обвинителството интензивно работеа на расветлување на случајот кој го шокираше целото општество при што ги изведоа пред лицето на правдата осомничените автори на ова грозно злосторство.

Одредени поединци на социјалните мрежи се обидуваат да му дадат етничка димензија на овој злочин и оваа тенденција претставува двоен злочин.

Семејството и целото општество се во болка и непребол, ја споделувам болката со сите, додека заедно мораме да ги отстраниме од нашата средина убијците, комплотистите и поттикнувачите!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.