Првиот вицепремиер Артан Груби во интервју на Канал 5 вели дека не знае зошто има проблем со „огнената група“ во ДУИ.
Тој вели дека дури пред да се избере Владата тие покажале незадоволство. Груби рече дека сака да има помирување, затоа што како што вели ова е апсурдно.
Кога Ахмети ќе ми каже „седи дома“, ќе седам дома и нема да кажам ни А, ни Б“, рече Груби.
Тој кажа дека ветувањата кои ги дале ги исполниле. Груби вели дека проевропските елементи во ВМРО-ДПМНЕ се добредојдени.
Од ова делување на ВМРО-ДПМНЕ добива само Левица“, кажа Груби.
Тој тврди дека СДСМ не е заложник на ДУИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.