Ако толку длабоко задира во вашите чувства, ако толку задира во чувствата на кој било што е трогнат од таа сликана, вистина ви се извинувам затоа што сме играле фудбал или баскет. Јас сум како што знаете спортски тип и и согласно реорганизацијата на органите на државната управа Агенцијата за млади и спорт треба да стане дел од Министерството за политички систем, изјави денеска вицепремиерот Артан Груби одговарајќи на новинарско прашање, дали е во ред да се закачи кош до уметничка слика и да се има таков однос кон она што е сопственост на сите граѓани.
Груби вчера беше во центарот на вниманието откако на својот Фејсбук профил објави фотографии на кои тој и неговите сопартијци од ДУИ играат кошарка и фудбал во неговиот кабинет во Министерството за политички систем. Дел од „дрим-тимот“ на Груби беа актуелните министри Бујар Османи, Крешник Бектеши, Фатмир Бесими, Јетон Шаќири, како и нивниот доскорешен колега Насер Нуредини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.