Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби во емисијата 24 Анализа на прашањето како се случи Фатмир Етеми да добие земјиште во центарот на градот за 7 евра квадрат, одговори:

„Видете, за мене тоа е неморален чин. Не е во ред во центар на град да се купи земјиште за 7 евра квадрат. Но, тоа така е согласно закон. Тој закон не е донесен од министер на ДУИ. Тој закон е донесен во 2012 или 2013 година“.

Тој додава дека во тоа време ДУИ не раководело со Министерството за финансии.

„Сепак, не е морално, но е согласно закон. Сега ќе го смениме правилникот и нема да има повеќе вакви предмети. Г-динот Етеми нема врска со ДУИ. Ниту е близок на ДУИ. Тој беше пратеник на ДПА, потоа беше член на партијата Нова Демократија на Имер Селмани“, рече Груби за ТВ24.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.