Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, придружуван од сопартијци, ги продолжи средбите со граѓаните на општина Врапчиште. Пред присутните, покрај Ахмети, се обратија и претседателот на Собранието Талат Џафери, првиот потпретседател на Владата Артан Груби, генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети, пратеникот Бајрам Кадрија и претседателот на огранокот на ДУИ во Врапчиште Неби Реџепи.

Првиот вицепремиер Артан Груби пред симпатизерите и партиските членови на ДУИ во Врапчиште зборуваше за Коридорот 8 и дека ќе започне неговата изградба.

Денес, конечно италијанската компанија „ИРД“  достави банкарска гаранција и го потпиша договорот за надзорен консултант за проектот Коридор 8. Во четврток во 09:00 часот ќе го потпишеме договорот со избраната компанија и ќе започнеме со работа со „Бехтел Енка“ за Коридорот 8 , автопат со три ленти со кој ќе ја поврземе нашата држава со Албанија. Тоа е супер голем проект за кој издвоивме 300 милиони евра, од сите капитални инвестиции, од општиот буџет од 800 милиони евра, 300 милиони наменети се само за овој проект. Дали некогаш сме биле помоќни во Владата? Никогаш!, истакна Груби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.