Незамисливо е да се зборува за дигитална трансформација на општеството без воведување на електронска лична карта, која е основна алатка за дигитализација на услугите во едно општество и во јавниот и во приватниот домен. Со нејзино воведување ќе отпаднат многу коруптивни јазли и ќе се намали ризикот од корупција, оцени вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, која зборуваше за процесот на воведување на електронска лична карта, на кој Владата работи заедно со експерти од Естонија.
Во недостаток на електронска лична карта ги користиме можностите на нашите налози во Управата за јавни приходи, со чија помош имаме пристап до електронските услуги што досега Владата и министерствата ги имаат направено дигитално, меѓутоа со оглед на тоа што недостига тој дел од Законот за архивско работење, наместо да ги направиме транспарентни и поефикасни институциите, ги успоруваме уште повеќе, оцени Грковска.
Таа нагласи дека во Владата има недвосмислена волја и определба посветено да се работи на процесот на дигитална трансформација на општеството, особено што досега е изгубено премногу време, а тоа е на штета на граѓаните.
Уште во 2005 година во Собранието усвоивме Декларација за дигитализација и од тогаш не е направено ништо. Јас сум многу одлучна дигитализацијата да се спроведе, политичката поддршка постои и од премиерот и од министрите кои се дел од овој процес, оцени Грковска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.