Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во рамките на посетата на ООН, имаше работен состанок со Ларби Џакта, претседавач со Меѓународната комисија за цивилна служба на Обединетите Нации, на кој се разговараше за транспарентноста, отчетноста, но и почитувањето на етичките вредности, како предуслов за одговорно работење.
Меѓународната комисија за цивилна служба одлучува за трошењето на 70 проценти од годишниот буџет на ООН, кој во најголем дел се однесува на трошоците за службата на оваа организација, поради што се наметнува потребата постојано да се унапредува и надградува транспарентноста и отчетноста во овој процес.
Вицепремиерката Грковска истакна дека унапредувањето на транспарентноста на институциите, особено во начинот на кој се трошат јавните пари е врвен приоритет за нејзиниот Кабинет имајќи предвид дека на тој начин се зголемува и одговорноста, но и отчетноста.
Таа информираше за иницијативата на нејзиниот кабинет за проактивна транспарентност на институциите како во делот на јавните набавки, така и во однос на информациите за кои граѓаните, граѓанските организации, медиумите покажале најголем интерес.
Претседавачот Џакта информираше дека Меѓународната комисија во моментов работи на хармонизација на системите на ОН, но и на обезбедување сеопфатен холистички пристап во кој значаен елемент е транспарентноста.
Двајцата соговорници разговараа и за етичките принципи, вградени во Кодексот за однесување на ОН, како и за потребата овие принципи постојано да се унапредуваат во согласност со општествените промени и технолошкиот напредок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.