Вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска чека реакција од правосудните органи откако САД објавја дека актуелниот градоначалник на Струга Рамиз Мерко е ставен на црната листа.

Јасните пораки и конкретните чекори кои ги преземаат нашите меѓународни сојузници во борбата со корупцијата мора да бидат соодветно разбрани од домашните правосудни органи. Бидејќи нивната основна улога е да обезбедат еднаквост на граѓаните пред законот и да испорачуваат ефективна и неселективна правда, напиша Грковска.

Вчера, беше објавено дека Мерко и неговото семејство се на така наречената црна листа на САД.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.