Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков донираше хуманитарни пакети во рамки на акцијата „Црвен тепих на хуманоста“, која се организираше денеска во пресрет на божикните празници за помош и поддршка на социјално ранливите категории.

Оваа акција се организира втора година по ред, каде поради пандемиските мерки и протоколи за заштита наместо традициналните Бадникови поворки на радоста се организира „Црвен тепих на хуманоста“.

Ваквите настани треба да бидат поттик за поголема хуманост и личен пример за солидарност. Како Локална самоуправа во рамките на своите можности продолжуваме да обезбедуваме помош за ранливите категории на граѓани и да даваме поддршка на ваквите настани, рече Пецаков.

Во хуманитарната акцијата која се одржа на градски плоштад„ Св.Климент Охридски“ се вклучија дечиња од основите училишта, голем број хумани граѓани и фирми. Беше донирана голема количина на нерасиплива храна која ќе биде поделена на семејствата со социјален ризик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.