За денешниот голем празник, честитка до граѓаните упатија и неколку градоначалници на скопски општини.

Александар Стојкоски, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, на официјалната Фејсбук страница, напиша:

-Нека ни е честит и вековит 11-ти Октомври! Одбележуваме 81 година од почетокот на антифашистичкото востание, дел од вековниот стремеж и борба за слобода и независност на Република Македонија. 11-ти Октомври е круна на вековната македонска борба за национална слобода. Да живее Република Македонија – напиша Стојкоски.

И градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, со порака за големиот празник.

-Нека борбата на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор, биде пример за нас и за генерациите по нас за тоа како се сака и брани Македонија! Вечна им слава на сите загинати за слободата на Македонија! Честит 11ти Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ – напиша Стефковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.