Денес го добив предметот за битолската „Јавна соба“, соопшти адвокатката Катерина Котеска, објаснувајќи дека жена беше изложена на срам со јавно објавување на интимни фотографии, за кои преживеа голгота, а наместо овој чин да се осуди, беше предмет на јавен потсмев.

Обвинетиот ќе биде казнет, а жртвата ќе добие отштета.

Горда сум што еден ваков случај кој го водев по чл.152,став 2 и чл.144,став 1, го добив во кариерата, особено што во најтешките моменти на жртвата сите ѝ свртеа грб и кога никој не сакаше да се нафати да ѝ помогне. Особено горчина во душата ми остана кога вешто лице – жена не сакаше да вештачи, а најдобрата другарка ѝ го сврте грбот и не сакаше да сведочи.
Драга моја,победивме!
Докажавме дека никој не смее да ја злоупотребува довербата на никој, дека една ваква злоупотреба на доверба не е причина за пуштање скриншотови во инбокс и пишување по „шестопарачни“ портали, туку е нешто што уништува животи.
Никој не смее да објавува ништо пратено во доверба!
Сите што ќе се обидат, ќе бидат казнети!
Ти се воодушевувам на истрајноста што издржа до крај. Јас дадов сè од себе.
Правдата е секогаш на вистинската страна со вистинската подршка.
Да не се повторува!, порача Котеска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.