Голем дефект на водоводната мрежа на главната улица во Дебар ги остави жителите од овој град без вода.

Од јавното комунално претпријатие „Стандард“ информираа дека нивни екипи се на терен и работат на санирање на дефектот.

Станува збор за голем дефект на главната улица „Осми септември”. Максимално се ангажирани нашите вработени во санирање на дефектот. Се надеваме дека вечерва потрошувачите ќе добијат вода, изјави за МИА директорот на комуналното претпријатие Курим Каба.

Прекинот е од утринава, а нормално водоснабдување имаат селата Долно Косоврасти и Рајчица, како и кракот кон Центар Жупа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.