Мое лично мислење е дека сме го допреле дното во судството, тврди професорката Ана Павловска Данева во дебата на 24 Анализа.
Не мислам на тоа од страна на корупција, туку на целосна партизација. И сега чекор по чекор се враќаме, вели Данева.
Министерот за правда Никола Тупанчески во гостувањето во 24 анализа вети дека ќе стори се за да се врати довербата во судството.
Нема да биде лесно и веднаш, но не е невозможно да се зголеми довербата.Ако не верував во судството, немаше да бидам министер за правда, рече Тупанчески.
Првата антикорупционерка Билјана Иванова, пак тврди дека граѓаните најчесто до нив реагираат поради донесени судски одлуки, од кои не се задоволни.
На тоа се надоврза професорката Данева, која додава дека во надлежност на Антикорупциска комисија не е да ги разгледува преставките од граѓаните, затоа што секако ќе има незадоволни граѓани бидејќи секако едната страна го губи спорот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.