Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев учествува на форумот за безбедност во Сенатот на САД во Вашингтон, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
За време на форумот Ѓорчев оствари средби со конгресмените Дејвид Рузер, Дарел Ајса и Бурџес Овенс. Ѓорчев ја повтори важноста на стратешкото партнерство и пријателството меѓу Македонија и САД. Двете земји како членки на НАТО треба да ја продолжат и продлабочат билатералната соработка. Главни теми на форумот се војната во Украина, состојбата во Европа и светот, сајбер безбедноста, енергетската криза и други поврзани теми, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
На форумот учествуваат околу 200 учесници, како и пратеници од САД, Европскиот парламент, Канада, Велика Британија, Германија, Украина, Италија, Шпанија, Франција итн, додаваат од опозициската партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.