Германскиот сојузен претседател Франк-Валтер Штајнмајер доаѓа во дводневна посета на Македонија на 29 ноември годинава, соопштија од неговиот кабинет и германската амбасада во Скопје.

Тој ќе биде третиот германски сојузен претседател кој доаѓа во посета на Македонија од нејзината независност досега. Во посета на земјата во минатото доаѓаа претседателите Роман Херцог и Хорст Келер. Како што соопштија од неговиот кабинет и германската амбасада во Скопје, Штајнмајер доаѓа во Скопје на 29 ноември, а во рамките на дводневната посета ќе го посети и ветерниот парк во Богданци.

По Македонија, Штајнмајер ќе ја продолжи мини-балканската турнеја и со дводневна посета на Албанија.

Во фокусот на посетата на Штајнмајер ќе бидат состојбите во регионот, последиците од руската инвазија врз Украина и поддршката на Германија за ЕУ перспективите на двете земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.