Канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц ќе пристигне во Скопје на официјална посета. Како што соопшти владината прес-служба, канцеларот Шолц и неговата делегација на платото пред Владата ќе ги пречека премиерот Димитар Ковачевски, со церемонија за пречек со највисоки државни и воени почести.Според агендата, по церемонијата на пречекот, предвидена е тет-а-тет средба на Ковачевски и Шолц, по што ќе следува билатералната средба на членовите на двете делегации.Официјалната посета на канцеларот Шолц ќе заврши со заедничка прес-конференција со претседателот на Владата Димитар Ковачевски.

Шолц во Скопје доаѓа по неговата посета на Приштина и Белград, во рамки на дводневната посета на регионот. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.