Министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска, која допатува во земјава во дводневна посета и разговори со македонскиот шеф на дипломатијата Бујар Османи, околу пладне беше во Битола за да види какви се штетите од опожарувањето на влезот на култруниот клуб „Ванчо Мијахлов“.
Таа беше пречекана од бугарскиот конзул во Битола Димитар Иванов и домаќините на клубот. Генчовска се распрашуваше како се случил инцидентот и какви се последиците од опожарувањето.
Во најавата за нејзината посета на Скопје немаше многу детали, освен фактот дека посетата е иницирана од Османи и дека целта на разговорите е продолжување на дијалогот за отворените билатерални прашања меѓу двете земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.