Од Собранието информираат дека од Владата на Република Македонија е доставена “Информација за содржината на предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Македонија со Европска Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европска Унија на 30 јуни 2022 година”.
„Согласно процедурите, материјалот ќе се достави до пратениците и за понатамошно постапување, соодветно и навремено ќе бидете информирани.
Имајќи ги во предвид шпекулациите, Ве информираме дека за вечерва не е планирана седница. Во моментот кога претседателот на Собранието Талат Џафери ќе ја свика седницата, навремено ќе бидете информирани“, велат од Собрание.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.