Претседателката на Владата на Република Финска, Сана Марин ќе пристигне денеска во еднодневна посета на нашата земја.

Премиерката Марин и делегацијата на финската влада на платото пред Владата на Република Македонија ќе ги пречека премиерот Димитар Ковачевски.

Според агендата, после пречекот, премиерот Ковачевски и премиерката Марин ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе следува билатералната средба на членовите на двете делегации.

Посетата на премиерката Марин ќе заврши со заедничка прес-конференција со претседателот на Владата на Македонија, Димитар Ковачевски, се вели во најавата на Владата за средбата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.