Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, во Љубљана денеска се сретна и со вицепремиерката во Владата на Република Словенија и министерка за надворешни и европски прашања, Тања Фајон.

На состанокот се поздравени државничките политики на Владата на Република Македонија во правец на реализација на европските перспективи на државата, што е оценето како значаен придонес и во регионалната и европската стабилност.

Во таа насока, е пренесена силна поддршка за напредокот на Македонија кон ЕУ, со изразено охрабрување за Република Македонија во насока на ново придвижување во евроинтеграцискиот процес и фокусирајќи се на правење конкретни чекори во преговарачкиот процес и одржување на актуелниот реформски моментум.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.