Со транспаренти со натписи „Европски плати за нас и за вас“, Независниот синдикат на државната администрација (НСДА) и Независен синдикат на судска служба, кој функционира во негов состав, и денеска излезе на протест  за да го изразат незадоволството поради ниските плати и недобивање додатоци на плата.

Протестот е во знак на револт од ниските плати. Тие бараат  покачување на плата од 30 проценти. Доколку не бидат земени во предвид нивните барање, ќе протестираат   со блокирање на улици и неиздавање на уверенија за неосудуваност и други документи.Тие не се согласуваат со К-15 во висина од 10 илјади денари.

Многу револтирачки е што  се работи за наши средства. Затоа  да ја појаснам нашата позиција и тоа само во еден сегмент, односно на нашите барања со уделот на нашата работа во буџетот на Република Македонија ќе ви ја илустрирам со бројка – работата на Кривичен суд, и тоа за наплата на паушална сметка на судот. Во период од 1.1.2023 година до денес наплатени се 13 милиони денари за паушал, за 12 месеци тоа би било износ од 39 милиони денари од паушал. Наплата за такси за уверенија на сметка на буџет на неосудуваност и забрана на дејност во период од 1.1.2023 до денес наплатени се 9.420.000 денари, за 2022 година на сметка на буџетот уверенија наплатени се 16.232.000 денари. Со правосилни одлуки во 2022 година за парични казни во буџетот од Кривичен суд се издвоени 82.597.000 денари, кажа Јасмина Величкова, претседателка на Независен синдикат на судска администрација.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.