По многу години, сега на агендата како тема го имаме проширувањето на Европската Унија. Продолжувањето на европските интеграции е клучно, постојат позитивни сигнали за пристапувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Шпанија силно стои зад Македонија за членство во ЕУ. Треба побрзо да ги почувствува придобивките од членството во ЕУ.

Ова се пораките од третиот состанок на Европската политичка заедница во Гранада, Шпанија, каде учество зема и премиерот Димитар Ковачевски, заедно со лидерите од вкупно 47 земји, од кои 27 земји-членки на Европската Унија, Западен Балкан, Швајцарија, Норвешка и Исланд, како и Азејберџан, Грузија, Турција и Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.