Амбасадорот на Европската унија во Македонија, Дејвид Гир од Тетово денеска порача дека демократските и мирни избори ќе резултираат со нова Влада, а тие како ЕУ сакат да соработуваат со сите политички партии кои ќе ги одржуваат и унапредуваат евро-интегративните процеси на државата. Тој рече дека нема да ги коментира преговорите што се одвиваат за состав на нова Влада.

– Очигледно имаше демократски и мирни избори кои ќе резултираат со формирање на нова Влада. Ние во Европската Унија, се разбира, ќе сакаме да работиме со сите оние кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ и интеграцијата во ЕУ, спроведување на реформите и сите неопходни чекори кои би ја довеле земјата што е можно поскоро во ЕУ, истакна Дејвид Гир.

На новинарско прашањето дали тие разговараат со партиите и дали ќе се заложат за интеграција на земјата во ЕУ, Гир одговори дека се во комуникација со сите, но дека формирањето влада не припаѓа на ЕУ.

– Сега практично сите политички партии за време на изборната кампања поставија јасна агенда, про-ЕУ агенда и нивното верување дека ќе ја придвижат земјата напред кон Европската унија, истакна Дејвид Гир.

Амбасадорот на Европската унија во Македонија на Универзитетот во Тетово одржа предавање на тема „Пpоширување на ЕУ“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.