Лефков денеска обвини дека братот на вицепремиероот Артан Груби од ДУИ купил деловен објект на улица Македонија во вредност од половина милион евра. Од ЕТЦ Травел објаснуваат дека компанијата во моментот изнајмува деловен простор и затоа, поради економска исплатеност, пристапиле кон обезбедување на сопствен деловен простор кој би ги намалил трошоците
ЕТЦ Травел, е компанија која што работи согласно законите и правилата во Република Македонија повеќе години па се до денес и придонесува во буџетот на земјата, плаќа плати на неколку вработени и транспарентно постојано ја гради својата репутација, а за квалитетот на нашите услуги најдобар показател се нашите клиенти, реагираат од компанијата по денешната прес-конференција на пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.
Лефков денеска обвини дека братот на вицепремиероот Артан Груби од ДУИ купил деловен објект на улица Македонија во вредност од половина милион евра. Објектот со површина од 127 квадратни метри, додаде Лефков, е купен во време кога Груби е вицепремиер во Владата.
„Согласно тоа, со купопродажен договор и кредит обезбеден од Халкбанка на 11.11.2022, со ставање во целосна хипотека на деловниот простор кој што ќе се исплаќа на месечни рати во рок од 20 год., е обезбеден деловен простор за нашите потреби согласно сите законски процедури и на најтранспарентен начин, преку банкарска трансакција помеѓу купувачот и продавачот“, велат од компанијата.
Оттаму ги повикуваат политичките партии и медиумите за коректност кон македонските компании „и да не ги користат домашните фирми за дневно политичко препукување“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.