Специјалниот претставник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар денеска во Охрид изјави дека очекува финализирање на анексот за имплементација на Договорот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина.
– Не сме фокусирани на потпишување, туку на финализирање на договорот – изјави Ескобар во интервју за Радио Слободна Европа.
Тој посочи дека двете страни не можат да изберат што да спроведат, а што не од овој договор. Во случај Белград и Приштина да не се договорат, тоа нема да биде понатамошен чекор кон евроатлантските интеграции.
Тој посочи дека средбата во Охрид е историска можност, не само за Белград и Приштина, туку и за целиот регион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.