Габриел Ескобар, заменик-помошник државен секретар на САД задолжен за Западен Балкан, вели дека идејата за Европа е многу жива во регионот, а она што малку изгубило кредибилитет е бирократијата на ЕУ за проширување, пишува „Гласот на Америка“.
Ескобар, на конференција во Вашингтон, организирана од економскиот форум „Делфи“, кажа дека граѓаните ги ризикуваат животите за да бидат дел од ЕУ.
Ве молам, не дозволувајте кој било да ви каже дека Европската Унија ја изгубила довербата кај народот. Луѓето ги ризикуваат животите за да отидат во ЕУ.
Според него, идејата за Европа е магнет за регионот.
Она што изгуби малку кредибилитет e бирократијата за проширување, но идејата е сè уште многу присутна.
Целиот текст овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.