Народниот правобранител Насер Зибери, во вечерашната Топ Тема на Телма, откри дека многу помал е бројот на државни институции со кои Омбдусманот има одлична соработка. „Кај некооперативните е поголема конкуренцијата“, иронично рече Зибери, пред да додаде дека народниот правобранител направил анализа како соработуваат органите на управата и другите инсититуции со Народниот правобранител, и дошле до фрапантни резултати.

Само една третина од институциите одговараат во законски предвидениот рок на обраќањата на Народниот правобранител. Околу една третина од институциите одговараат на нашите барања дури по неколкукратна ургенција дека го прекршуваат законот, дека ја попречуваат работата на Народниот правобранител, што претставува казнено дело. Околу 10 посто воопшто не одговараат на обраќањата на Народниот правобранител. Меѓу органите кои послабо соработуваат има неколку министерства. Морам да ги издвојам Министерството за здравство, Министерството за транспорт и врски, Министерството за труд и социјална политика, делови од Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност, рече Зибери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.