Дозволете ми во име на пратениците на Собранието на Република Македонија и во мое лично име, со особена радост да упатам срдечни честитки по повод албанскиот национален празник, 28 Ноември – Денот на знамето, со искрени желби за бескрајни успеси и напредок на Албанците каде и да се а празникот, како што е впрочем и цел месец ноември, нека биде повод за чувство на гордост и среќа за тоа што сме биле, сме и ќе бидеме во иднина“. Оваа порака ја испраќа претседателот на Собранието, Талат Џафери по повод празникот 28 ноември – Денот на албанското знаме.
Несомнено дека овој значаен празник е длабоко втиснат во колективната национална историска меморија и во срцата на сите припадници на Албанскиот народ, каде и да се наоѓаат раштркани по светот и денес, кога ја одбележуваме 110 – годишнината од денот кога мудриот дипломат Исмаил Ќемали, заедно со делегати од различни албански градови го истакна националното знаме во Валона, Албанците, со чувство на национална гордост го чествуваат како симбол на албанската национална културна ренесанса. Нашата заедничка државна и регионална определба за европска интеграција е единствениот патоказ кој што не мотивира да работиме посветено и неуморно за да станеме што побрзо дел од големото европско семејство. Таму, заедно, со исти заеднички вредности и стандарди, ќе придонесуваме за подобар свет за идните генерации. Живееме во времиња на предизвици во секој поглед и само сплотеноста ја сочинува вистинската сила која може да ја надмине секоја препрека. А Албанците, заедно со сите граѓани на Република Македонија се камен на консолидирање на таа сила.
Нека е честит 28 Ноември, Денот на знамето, стои во честитката на Џафери упатена до сите кои го прославуваат овој празник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.