Сега повеќе од кога било, потребно е делување од страна на Европската Унија за забрзување на процесот на проширувње и што поскоро отпочнување на преговорите со земјава, порача претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешната средба со Делегацијата на Комисијата за надворешна политика на словенечкиот Државен збор, предводена од претседателката, Моника Грегорчич, во чиј сосатв е и Ник Пребил, заменик-претседател на Комисијата за европски прашања.

Како што соопштија од собраниската прес-служба, од страна на Џафери беше искажано задоволството за реализацијата на посетата во моменти кога е потребно единство во рамките на Алијансата, но и во рамките на ЕУ, особено во делот на политиката на проширување. Беа поздравени одличните односи на земјава со Република Словенија, нејзината поддршка во клучни моменти од нашата понова историја и динамичната соработка во повеќе домени од взаемен интерес.

Во однос на нашите евроинтеграции, претседателот на Собранието Џафери истакна дека актуелните случувања покажуваат колку како земји сме ранливи на одредени процеси и дека сега повеќе од било кога, потребно е делување од страна на Европската унија за забрзување на процесот и што поскоро отпочнување на преговорите, кои ќе имаат позитивен ефект во економски, но и безбедносен контекст за земјата и регионот пошироко, нагласи Џафери.

Грегорчич, се додава во соопштението, посочи дека, Делегацијата доаѓа во земјата со јасно зацртана цел за целосна и недвосмислена поддршка на Република Словенија за нејзина интеграција во Европската Унија. Како дел од нивните континуирани заложби, таа нагласи дека се избориле во рамките на Европската Унија, во текот на секое ново претседателство со Советот на ЕУ прашањето за интеграција на земјите од Западен Балкан да биде високо на агендата и тоа да биде демонстрирано преку организирање Самити или Конференции за Западен Балкан, како што ќе биде случај во текот на актуелното француско претседателство во јуни, оваа година. Беа искажани уверувања дека без разлика кој е на власт во Словенија во следните години, нивната поддршка за Македонија ќе остане непроменета како и досега.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.