Последните настани во Украина и воениот конфликт уште една ги покажаа двојните аршини кои ги има ЕУ. Одеднаш Брисел стана позаинтересиран за Украина отколку за Македонија и останатите земји од Западниот Балкан.За ЕУ сега е поважно дали идните членки ќе ги поддржат санкциите кон Русија отколку да разговараат за нивно придружување.

Но, кога се работи за Украина тоа не е случај. ЕУ очигледно сака Украина што поскоро да добие кандидатски статус и да почне преговори, а зашто и не за неколку години и да стане членка.

ЕП веќе усвои Резолуција со која  се бара да и се додели кандидатски статус и сега на потег е 

Европскиот Совет кој побара Европската Комисија да изготви мислење за кандидатскиот статус на Украина во ЕУ. Конечната одлука за нови земји членки ја носи Советот на ЕУ, односно земјите членки но речиси е извесно дека тоа ќе се случи.

Една од земјите -членки која го поддржува членството на Украина во ЕУ е и Бугарија која во случајот со Македонија бара да се откажеме од македонскиот јазик, историја и идентетет само за да почнеме преговори без никаква гаранција за членство.

Македонија има кандидатски статус од 2005 година и десетина позитивни извештаи но никако да почне преговори, најпрво поради грчкото а потоа и поради бугарското вето.

На ова реагираше и шефот на дипломатијата Бујар Османи кој смета  дека ЕУ не смее да го остави Западен Балкан како отворена рана во срцето на ЕУ и треба веднаш да се деблокира почетокот на пристапните преговори со Македонија и Албанија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.