Движењетo „Подобро за Тетово” испрати до писмо до претседателот Стево Пендаровски во кое велат дека со длабоко разочарување го следат неговиот молк веќе три недели од објавувањето на монструозното дело на Јавното Обвинителство за прикривање и искривување на вистината и виновниците за пожарот во Модуларната болница во Тетово каде живи изгореа 14 луѓе, наши сограѓани.
Зачудувачки е и фактот дека Вие брзо реагирате за други помалку битни теми во споредба со ова трагедија.Како што веќе знаете во нашата земја во период од 5 години се случија 4 големи трагедии, со 97 жртви и НУЛА денови затвор.
Сите политичари зборуваат за интеграцијата во ЕУ, а не се почитува тоа што ни е најсвето – човечкиот живот! Не знаеме како може една земја, која не може да обезбеди правда за овие 97 невини жртви, може воопшто да почне преговори за припојување кон европските вредности и начела.
Судството и обвинителството се лицето на криминалот и корупцијата, заштитници на злото во овие 30 години, кои на генерации наши млади и наши сограѓани им ги фрлија во одвод и им ги уништија перспективите за достоинствен живот.
Се соочуваме со диктатура на олигархијата спонзорирана од македонскиот правосуден систем. Тотална неодговорност и криминално владеење и во делот на извршната и во делот на судската власт.
Очекуваме од Вас да се повикувате на разум и да барате институционална одговорност за казнување на ова злосторничко здружување поради која целиот правен систем во нашата земја се наоѓа во голем ќорсокак.
Вклучувањето и на високообразовните институции за да ја сокријат вистината на ова злосторство и затајувањето на германската експертиза е лоша порака за иднината на општеството во ова земја.
Културата на неказнивост метастазирала во сите нивоа на системот и не знаеме која онкологија може да ја лекува болната Македонија од овој канцер.
Одговорност мора да има!Нема правда, нема мир!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.