Oперскиот пејач и некогашен предводник на протестите на „За заедничка Македонија“, Игор Дурловски, сподели дека утре на големиот општонароден протест на ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја пее македонската химна пред владата.
Драги пријатели,
утре во 20:00 часот ќе бидам пред влада и ќе ја пејам химната на Македонија.
За кого?
За сите оние кои ме распнуваа поради ангажманот во „Заедничка Македонија“, за тие кои ме напаѓаа за моето учество на парламентарните избори во 2020-тата година, за тие кои ја критикуваа одлуката да го отстапам пратеничкиот мандат, но и за ВАС кои ме поддржувате токму поради моите одлуки и постапки – никогаш отстапки.
Ќе пејам во чест на сите политички затвореници, за Гоце, за Даме, за Јане, за Питу…
Ќе пејам бидејќи да пејам од срце- најдобро знам, напиша тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.