Љупчо Балкоски, пратеник од ВМРО-НП на денешната собраниска седница за урбанистичко планирање потенцираше дека предлог законот за изменување и дополнување на законот за урбанистичко планирање не треба да се донесе.
-Предлог законот за изменување и дополнување на законот за урбанистичко планирање што е денес на дневен ред категорички потврдувам дека не треба да се донесе. Законот за урбанистичко планирање е донесен во постапка која беше јавна и транспарентна во која учествуваа организации, здруженија како и комората на овластени архитекти и овластени инжињери што не е случај и при донесување на овој закон, рече тој.
Тој во текот на своето обраќање посочи дека начин на кој ќе се градат автопатите и железниците е безсистем и безпроцесна работа на целокупниот проект.
-Од исклучителна важност е изградбата на автопати и железници во Македонија кои придонесуваат за економскиот развој, ги поддржувам програмите на владата, програмите на Министерството за транспорт и врски, но не начинот кој е безсистем и безпроцесна работа на целокупниот проект. Напоменувам овие предлог закони не се однесуваат на коридор и во севкупен систем, туку само за автопатски решенија и тоа само за дел од автопатите, а не како целосен систем, кажа Балкоски.
Пратеникот Балкоски јасно укажа дека двата предлог закони за изменување на законот за урбанистичко планирање поднесени од пратениците и од владата не се исти.
-Почитувани пратеници, почитуван министре ако ги анализираме двата предлог закони за изменување на законот за урбанистичко планирање поднесени од пратениците и од владата, забележуваме дека двата предлог закони не се исти. Владата со нејзиниот предлог прави измена на предлогот од пратениците за кој предлог владата тврдеше дека се овозможува брза постапка за градење на автопатите, а сега прави измена со исто образложение за брза постапка. Дали треба да очекуваме нови измени на изменетите закони и додека се прават автопатите, тоа треба да одлучи владата. Конкретно во член 1 од новиот предлог закон е изменет и не е ист со член 1 од предлог законот на пратениците, со член 1 се менува членот 7, со што значи дека владата може за секоја градба која сака по сопствена желба и сама да утврди дека да се гради да донесе одлука дека е од стратешки интерес. На тој начин тој проект ќе почне да се гради без во овој случај законот за урбанистичко планирање без урбанистички план, вели пратеникот Балкоски.
Тој порача дека проблемите ќе настана во текот на градењето и без урбанистички план работите ќе се решаваат на лице место со застој и со многу непредвидени работи кои ќе значат и поскапување на целиот проект.
-Ве уверувам дека проблемите ќе настана во текот на градењето, а тогаш без урбанистички план работите ќе се решаваат на лице место со застој и со многу непредвидени работи кои ќе значат и поскапување на целиот проект, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.