Министерот за економија Крешник Бектеши на вчерашната прес-конференција информираше дека денеска ќе биде поништена лиценцата за туристичка дејност на туристичката агенција „Беса транс“, со чиј автобус се случи сообраќајната несреќа во која на 23 ноември животот го загубија 46 лица.

Бектеши соопшти дека вчера во Министерството за економија пристигнал извештајот од Инспекторатот за труд што се однесува на лиценцата за туристичка дејност на туристичката агенција „Беса транс“, според кој има разлика во сите информации за лиценцата кои што ги има таа агенција за транспорт.

Министерот додаде дека на барање на Министерството за економија, Пазарниот инспекторат ќе направи дополнителна контрола на условите и начинот на функционирање на „Беса транс“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.