Дебарскиот градоначалник Хекуран Дука, им го честиташе изборот за градоначалници Медат Куртовски, на општина Маврово и Ростуше и Аријан Ибраим, на општина Центар Жупа.

Од мое лично ме и од име на граѓаните на општина Дебар ви ја честитам победата што ја освоивте на изборите за градоначалник одржани на 20 овој месец година, посакувајќи ви здравје и успешна работа во раководството на вашите општини, стои во честитката на Дука.

Тој ја нагласува определбата за продолжување на досегашната одлична соработка, во, како што вели, интерес и за доброто на жителите од овој регион.

-Во изминатиот мандат имавме одлична соработка во сите сфери кои се однесуваат на подобрување на благосостојбата на нашите граѓани, работејќи со чесност, коректност и ефикасност. Ќе продолжиме да работиме вака, но, уште посилно за овој дел од нашата држава, кој некогаш беше неразвиен, денес и во иднина да добива изглед на земја со европска цивилизација, наведува Дука.

Дебарскиот градоначалник посочува дека заедно им претстои многу работа, а оти успехот ќе биде резултат на плодната соработка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.