Безбедноста на сите граѓани е најважна за нас. Настаните во М-НАВ се вознемирувачки и од државните институции се третираат со најголема сериозност, велат од ДУИ по случувањата во оваа институција.

Додаваат дека истражните органи мора одлучно да го расветлат случајот.

Инцидентот кој се обидува неправедно да и се припише на ДУИ, е резултат на нарушени и заладени односи меѓу колегите во работната средина и нема никаква врска со политичкo прашањe, а уште помалку со ДУИ.

Станува збор за несогласување меѓу колегите и во никој случај не треба неправедно да се меша партиска политика.

Ја осудуваме тенденцијата за постојано мешање на партиите во секоја приватна секојдневна работа“, прецизираат од ДУИ.

Демократската унија за интеграција го повторува ставот за владеење на правото и тоа дека никој не е над законот, но воедно и се спротивставува на осудувањето и притисокот на јавноста врз институциите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.